За Нас:

Пан Интертрејд ДОО Скопје е лиценциран трговец и снабдувач со електрична енергија во Македонија. Компанијата работи успешно од 2012 година и зад себе има одлични резултати во изминатиот период. Од Септемви 2014 година почна да работи и во Р.Србија преку фирмата Пан Интертрејд Србија и со тоа го зајакна своето учество на балканскиот пазар на електрична енергија. Нашата цел е сигурна,стабилна и успешна компанија која нуди најдобри пазарни услови и висок квалитет на услугата. Отворен и фер однос, взаемен интерес и најдобри деловни односи се основата за соработка со нашите клиенти. Ние веруваме дека работатa со енергија, значи работа на поефикасно функционирање на деловните субјекти. Енергијата е благосостојба. Енергија го прави економскиот и социјалниот напредок возможен. Секој има право да добие безбеднa и ефикаснa енергија по конкурентни цени. Пан Интертрејд е веќе признат како активен учесник на македонскиот пазар на електрична енергија и има одлични релации со сите регулаторни тела и систем оператори. Ние веруваме дека работата со енергија значи работа на подобрување на перформансите на целокупното стопанство и воопшто Р.Македонија . Како лиценциран трговец и снабдувач со електрична енергија, ние сме цврсто посветени да обезбедиме ефективни и флексибилни решенија за потребите на нашите клиенти и партнери и се стрeмиме да изградиме траен партнерски однос со нив. Со стручната екпертиза на нашиот тим, највисокото ниво на професионалност, know-how кое го добиваме од нашите стратешки партнери и нивната техничка поддршка можеме да одговориме на сите барања на нашите клиенти.

За нас

Пан Интертрејд ДОО Скопје е лиценциран трговец и снабдувач со електрична енергија во Македонија. Компанијата работи успешно од 2012 година и зад себе има одлични резултати во изминатиот период. Од Септемви 2014 година почна да работи и во Р.Србија преку фирмата Пан Интертрејд Србија и со тоа го зајакна своето учество на балканскиот пазар на електрична енергија.

Повеќе...

Корисни линкови

www.erc.org.mk
www.mepso.com.mk
www.hupx.hu

Контакт

ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје
+389 2 3098 270
+389 2 3098 270
office@panintertrading.com

Повеќе...