Пазар на електричната енергија:

Енергетски систем

Електроенергетскиот систем преставува крвоток на секоја држава т.е инфраструктура која овозможува движење и развој.
Во РМ конкретно тој е составен од:
• Производство
• Пренос
• Дистрибуција

Што преставува либерализација на пазарот на електрична енергија

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија значи дека сите потрошувачи на електрична енергија можат да се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар, на фер и транспарентен начин. Целта на воведувањето на овој модел кој веќе функционира во повеќето европски земји е зголемување на понудата за потрошувачите и зајакнување на конкурентноста на пазарот.

Либерализација на пазарот во РМ

Македонија 2005-та година го потпиша Атинскиот меморандум со што стана дел од Енергетска заедница на Југоисточна Европа. Овој значаен документ кој беше ратификуван од Собранието на Република Македонија во 2006-та година, ги постави главните рамки за развој на енергетскиот сектор во делот на електрична енергија, обновливи извори на енергија и гас. Овој документ предвидува трансформација на секторот на електрична енергија, особено во делот на пазарот на електрична енергија. Сите потрошувачи во Македонија до 2015 година треба да се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар, на фер и транспарентен начин. Процесот на либерализација во 2007-та година први го започнаа деветте големи компании – големи индустриски потрошувачи, приклучени директно на преносната мрежа на МЕПСО, кои се снабдуваат на слободен пазар преку трговци со електрична енергија. Од 01.04.2014 уште 220 потрошувачи, приклучени на дистрибутивна мрежа, излегоа на либерализиран пазар. Либерализацијата на пазарот за електрична енергија ќе продолжи и конечно сите потрошувачи, вклучително и домаќинствата, ќе можат да бираат снабдувач на слободен пазар.

За нас

Пан Интертрејд ДОО Скопје е лиценциран трговец и снабдувач со електрична енергија во Македонија. Компанијата работи успешно од 2012 година и зад себе има одлични резултати во изминатиот период. Од Септемви 2014 година почна да работи и во Р.Србија преку фирмата Пан Интертрејд Србија и со тоа го зајакна своето учество на балканскиот пазар на електрична енергија.

Повеќе...

Корисни линкови

www.erc.org.mk
www.mepso.com.mk
www.hupx.hu

Контакт

ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје
+389 2 3098 270
+389 2 3098 270
office@panintertrading.com

Повеќе...